Трамп збесна: Нема да бидам добар како Обама! Воена акција? Ништо не е исклучено!

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својот профил на Твитер дека Иран си игра со оган и порача дека нема кон нив да биде добар како што беше поранешниот претседател Барак Обама.

Трамп вчера порача дека не исклучува ниту една опција кога станува збор за Иран, откако во текот на вчерашниот ден на Иранците им беше испратено и предупредување поради неодамнешното лансирање на ракета.

„Ништо не е исклучено“, одговори без дополнителни појаснувања американскиот претседател на прашањето на новинарите дали се размислува за воена акција на американската армија.

Неколку часа порано, новиот американски претседател на Твитер порача дека до Иран испратил „службено предупредување“, откако оваа земја во неделата изведе ракетно тестирање и ги разлути Американците, односно администрацијата на Доналд Трамп.
Неговиот советник за национална безбедност, Мајкл Флин ја употреби речиси истата реторика и го критикуваше „дестабилизирачкото однесување“ на Иран на Блискиот исток, но избегна да одговори какви мерки ќе бидат употребени во врска со овој „инцидент“.

Реакција од Техеран

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зафир изјави денес дека Техеран никогаш нема својата воена моќ да ја употребува против ниту една држава, освен во самоодбрана, реагирајќи на тврдиот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп кон Техеран.

„Никогаш нема своето оружје да го употребиме против никого, освен во самоодбрана. Ќе видиме дали ќе можат да го кажат истото и тие кои што се жалат“, напиша Зафир на својот профил на Твитер.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран нагло пораснаа откако на 20-ти јануари и официјално Доналд Трамп стапи на должност на претседателската функција.

Освен указот на Трамп за имиграција, засега е неизвесна и судбината на нуклеарниот договор од јули 2015-та година на кој што новиот американски претседател отворено се противи. Во меѓувреме, новинската агенција "AP" пренесува дека поради иранското тестирање на ракетата, администрацијата на Трамп подготвува нов пакет на санкции против Иран.

No comments

Powered by Blogger.