Познати детали од убиството кое го потресе мирниот Исланд: Девојката во ледениот океан била фрлена жива!


Мистериозното исчезнување и смртта на 20-годишната девојка, кое го потресло инаку мирниот Исланд, добило неочекувано продолжение.

Државното радио објавило дека обдукцијата покажала дека Бирна Брјансдотир била задавена пред да биде фрлена во морето. За хоророт да биде уште поголем, Бирна во ледениот Атлантик уште била жива. Обдукцијата открила дека имала вода во белите дробови, што укажува на тоа дека причина за смртта била давење.

Телото на Бирна Брјансдотир било пронајдено на плажа на 22-ри јануари, откако била отворена најголемата потрага во историјата на државата. Повеќе од 720 луѓе биле вклучени во акцијата.



Кратко по пронаоѓањето на телото, исландската полиција уапсила двајца осомничени за убиство. Станува збор за морнари од Гренланд. Во меѓувреме, едниот бил пуштен на слобода, а другиот и натаму е во притвор.



Брјансдотир исчезнала на 14-ти јануари откако била на забава. Надзорните камери ги снимиле нејзините последни чекори по студените и замаглени улици на Рејкјавик. Во 5 часот наутро отишла да јаде, и тука ѝ се губи секаква трага, пишува Independent.

Со популација малку поголема од 320.000 жители, Исланд има една од најниските стапки на криминал во целиот свет. Убиствата се многу ретки, а полициските службеници на улиците патролираат невооружени. Помеѓу 2000-тата и 2012-тата година на Исланд биле убиени 25 луѓе, а стапката на убиства изнесува само 0,3 убиства на 100.000 жители, што е многу помалку од светскиот просек. Станува збор за трета најниска стапка на убиства по Лихтенштајн и Сингапур.



No comments

Powered by Blogger.