Момче фаќа питон со голи раце и се бори со него


Додека цврсто го држи чудовиштето, успева некако да се извлече од под возилото и да го стави животното во торба.
Излежување во кревет, проверување на мобилниот телефон и објавување постови на осцијалните мрежи е стандардното секојдневие на типично момче на 14-годишна возраст пред наутро да појде на училиште. Меѓутоа, Оли Вадропе од Квинсленд, Австралија секое утро пред да појде на училиште, фаќа огромни змии кои се сокриле под автомобилот.

Овој тинејџер е снимен како фаќа питон од два метри под семејниот автомобил, користејќи ги само сопствените раце. Во видеото од кое ќе ви се крене косата на глава, момчето лежи под автомобил и се гледа со змијата лице во лице.

Додека цврсто го држи чудовиштето, успева некако да се извлече од под возилото и да го стави животното во торба. Овој потег не е мала работа за ова момче, а питонот не изгледал многу расположен.


Целиот овој настан го следел неговиот татко, кој бил многу горд на својот син. Снимката привлече големо внимание на Фејсбук.

Неговиот татко напишал: „Ова е моето момче кое го прави ова од својата петта година. Само едно обично утро пред училиште.“

No comments

Powered by Blogger.