Им објави војна на тие што мислеа дека се недопирливи: Ова е Лаура, романската обвинителка - симбол на борбата против корупцијата


Главната обвинителка во Романија е вистинска ѕвезда во Романија - за многумина е воин кој што им се спротистави на најмоќните.

Лаура Кодрута Ковеси е главната обвинителка во Романија и во неа се вперени сите очи на романската јавност - тие кои што ја поддржуваат ја сметаат за симбол против корупцијата и прв човек кој ги повика да одговараат пред законот тие што се сметаа за недопирливи. Противниците, велат дека таа ги нарушила слободите на граѓаните на начин кој што не бил виден уште во времето на комунизмот.

Кордута Ковеси, 43-годишната шефица на Националниот директорат за борба против корупцијата (ДНА), не реагира на таквите „ниски прозивки“ и вели дека таа ќе им одговара на романските граѓани.

Успесите на ДНА после нејзиното доаѓање од неа направија вистинска ѕвезда, но нејзината и работата на останатите обвинители може да биде загрозена поради измените на неколку закони кои што ги планираше романската Влада.



Владата минатата седмица, откако над 300 илјади граѓани масовно излегоа на протест, го повлече декретот со кој што се ублажуваат антикорупциските закони, односно казните кои што треба да ги добијат корумпираните политичари. Додека сите со здрава свест се прашуваат „Зошто е потребен декрет или аболиција за некој што тврди дека не е виновен“, во меѓувреме Романскиот народ стравува дека Парламентот може да донесе слични мерки.

„ДНА“ била основана во 2002-ра година за да се „занимава“ со корупција, проблем кој што на сите ни е јасно дека е доста распространет на Балканот. Сепак, дури со доаѓањето на Ковеси во 2013-та година, агенцијата започна да работи како што треба, а на удар веднаш се најдоа премиерот на државата, министри, градоначалници, медиумски магнати и обвинители.

Во последните три години започнати се над 1,700 процеси за случаи кои што ја оштетиле државата повеќе милијарди евра. Денес двојно повеќе граѓани ѝ веруваат на Ковеси и нејзината „ДНА“, отколку што веруваат на романската Влада.

„Довербата во „ДНА“ е неверојатна. Се повеќе луѓе се охрабруваат и доаѓаат да ни предадат жалби, а подготвени се и да сведочат во случаите за корупција. Така е, граѓаните сфатија дека законот е ист за сите. Тоа е тоа што ние го работиме“, порача Коваси за „БиБиСи“.


Сепак, оние кои што ги поддржуваат политичарите, велат дека таа станала премногу моќна и борбата против корупцијата станала „лов на вештерки“. Тие сметаат дека неправедно на нејзината мета се наоѓале одредени луѓе и партии, дека агенцијата соработува со некакви „тајни служби“, а многумина сметаат дека „ДНА“ се служи и со некакви комунистички методи.

Главната обвинителка неодамна остро се спротистави на декретот на Владата да се декриминализираат бројни случаи на корупција, поради што десетина високи функционери беа ослободени од кривично гонење.

No comments

Powered by Blogger.