Нова снимка од јахтите-самоубијци: Еве како Хутите ги нападнале Саудијците

Новата снимка на која сега точно се гледа како изгледал ударот на јахтите-самоубијци во морнарицата на Саудиска Арабија, "на големо" кружи на интернет.

Со оваа снимка само е потврдено дека биле точни изјавите на медиумите дека Хутите имаат нови начини на напад.

Овој напад се случил пред една седмица во Црвеното море.


Објавено е дека во нападот на Хутите биле користени јахти-самоубијци, но снимката била од далеку па тоа не било сигурно.

Меѓутоа, кога остатоците од бродот пристигнале на пристаништето, и биле прегледани снимките од камерите, било потврдено дека Хутите имаат ново "оружје" со кое напаѓаат бродови.

No comments

Powered by Blogger.