Протекоа детали од драматичниот разговор на Трамп и премиерот на Австралија: Сакаш да ми ги пратиш новите бостонски бомбаши во САД?


И покрај тоа што Австралија е близок сојузник на Соединетите Американски Држави, телефонскиот разговор помеѓу американскиот претседател и австралискиот премиер не минал добро.

The Washington Post пренесува дека дури американскиот претседател Доналд Трамп му ја спуштил слушалката на Малколм Трнбул.

Американските власти открија дека Трамп го известил Трнбул дека ќе го ревидира договорот за прифаќање на илјадници бегалци од Австралија и притоа на австралискиот премиер му порачал дека таквиот договор бил глупав.

„Тоа е најлошиот договор направен некогаш! Ќе му убијат тука политички поради тој договор. Сакате да ми ги испратите новите бостонски бомбаши? Не ги сакам тие луѓе во мојата држава“, порачал Трамп кој малку подоцна со голема резерва ветил дека ќе го разгледа уште еднаш договорот и ќе ги прими.



Сепак, Трамп истиот ден разговарал со повеќе светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, но порачал дека повикот кон Трнбул бил најлошиот. Своето незадоволство, американскиот претседател го искажа на Твитер.

„Можете ли да поверувате? Администрацијата на Обама се согласила да прифати илјадници илегални имигранти од Австралија. Зошто? Се уште го проучувам тој глупав договор“, порача Трамп.
Инаку, како што пренесува The Washington Post, разговорот кој што требало да трае најмалку еден час, Трамп го прекинал после само 25 минути.

Високи американски функционери тврдат дека Трамп слични разговори водел и со останатите лидери, меѓу кои и претседателот на Мексико, меѓутоа за сите е шокирачки тоа што Трамп на тој начин зборувал и со лидерот на големиот американски сојузник Австралија - земјата каде што го поддржува САД во речиси сите сфери и со Американците беше и во Ирак и Авганистан.

Портпаролот на Белата куќа не сакал да даде коментар за овој разговор, а околу тоа не зборуваше многу ниту самиот премиер на Австралија кој порача дека не сака да ги коментира разговорите кои што ги води со лидерите на другите држави.

No comments

Powered by Blogger.