Кражба на милион евра кај аеродромот во Тирана

По третпат за нешто повеќе од една година, вооружен грабеж се случи непосредно пред меѓународниот аеродром во Тирана.

Како што јави допсиникот на МИА, неофицијално се споменува кражба на сума од еден милиони евра банкарски средства, кои требало да бидат транспортирани за Виена.

Возилото со кое биле пренесувани парите прво било удрено од возилото во кое се наоѓале крадците, кои потоа со тврди предмети ги искршиле прозорците на комбито, го претепале обезбедувањето и ги украле десетте вреќи со пари.

Во грабежот учествувале најмалку пет маскирани и вооружени лица.



Во декември 2015-тата година на истиот пат беа украдени 3,5 милиони евра. Овој случај беше затворен со пресуда за шест лица од приватно обезбедување за злоупотреба на службената положба, додека за грабежот се товарат пет лица кои сè уште не се идентификувани.

Друг грабеж е оној во кој од внатрешниот простор на аеродромот беа украдени 900 илјади евра. И за овој случај уапсени беа повеќе лица од агенцијата за обезбедување, како и од аеродромското обезбедување. По едно лице сè уште се трага.

No comments

Powered by Blogger.