СЕ НАОЃА ВО РЕГИОНОТ: Кое е омиленото летувалиште на Бил Гејтс?


Основачот на Мајкрософт и најбогат човек на светот, Бил Гејтс како омилено место за одмор го навел хрватскиот град Скрадин.

Ова место долго време беше надвор од туристичката мапа, а сега станува популарно за посетителите.

Пред 6.000 години на ова место дошле Илирите и тука ја побарале својата среќа.

Сепак, го нашле она што го барале затоа што подрачјето има добри услови.

Низ историјата, градот бил упориште на римската војска и трговски центар.

Во 6 век е уништен, но подоцна Словените го обновиле.

Во 13 век на власт во местото биле кнезовите Бибирски кои го развиле како типично далматинско место.

Скрадин денес е своевиден „чувар“ на водениот влез во Националниот парк Крка.

No comments

Powered by Blogger.