Апокалипса во Калифорнија: Сан Франциско е под вода, граѓаните бегаат од невремето!



Силно невреме го погодило јужниот и централниот дел од Калифорнија, а поради силниот дожд проследен со ветер бил соборен далековод кој усмртил две лица. Поради невремето биле одложени и стотици летови од аеродромите.

Повеќе од 300 дојдовни и појдовни летови биле одложени или откажани на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Во одредени делови од градот поради претпазливост била наредена евакуација поради потенцијални свлечишта.

Обилните дождови предизвикале поплави, бидејќи потоците и реките надошле, а одредени делови од автопатите биле затворени поради поплавите.



Во населбата Сан Вели 10 автомобили биле заробени во водата на патот, а биле спасени 15 лица, соопштила противпожарната служба. Силниот ветер соборувал дрва во тој град, како и во градот Санта Барбра, пренесува агенцијата АП.

Се проценува дека оваа олуја би можела да биде најсилната по онаа која во јануари 1995 година го погодила јужниот дел на Калифорнија.



Властите во Јужна Калифорнија ги повикале граѓаните да ги напуштат областите северозападно од Лос Анџелес на кои им се заканува силно невреме.



Претходно, во северниот дел од Калифорнија биле евакуирани околу 188.000 луѓе, поради прелевање на каналот на највисоката брана во САД која е ослабена поради обилните врнежи од дожт, меѓутоа нивото на браната „Оровил“ опаднало, со што е намален ризикот од нејзинот понатамошно попуштање.



Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштила во петокот дека во некои делови од градот дошло до прекин на електричната енергија, како и дека една личност е повредена.

No comments

Powered by Blogger.