Ѓоковиќ потроши цело богатство на стан во Њујорк: Погледнете каде ќе живее српскиот тенисер


Новиот стан на српскиот тенисер поседува библиотека, тераса, голем базен, теретана со СПА центар, соба за прием на медиуми и приватен паркинг, а изграден е од најскапи материјали.

Најдобриот српски тенисер потроши 11 милиони долари на два луксузни станови во Њујорк. Двата станови се наоѓаат во луксузниот кварт Сохо кој е дизајниран од познатиот архитект Ренцо Пијано.




Зградата во која што е наоѓаат становите на Новак Ѓоковиќ се смета за ремек дело на архитектурата и градежништвото. Становите се опремени луксузно и модерно - кујната е изработена од вулкански камен, има подно греење и мебелот е од рачна изработка.




Станот поседува сопствен lounge bar, библиотека, голема тераса, базен, теретана со СПА центар, соба за прием на медиумите и приватен паркинг.

„Ми се допаѓа дизајнот на овие згради и нивната локација е фантастична. Њујорк и Мајами се на мојата рута на патување секоја година, па ќе биде возбудливо сега кога имам свое место каде што ќе можам да престојувам“, порача српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.




No comments

Powered by Blogger.