Апокалипса во Калифорнија: Најголемата брана пука, илјадници луѓе бегаат пред потопот!


Десетици илјади граѓани во Северна Калифорнија во паника бегаат од своите домови од страв дека ќе пукне браната "Оровил", инаку најголема во САД.

Шерифот на округот наредил итна евакуација преку социјалните мрежи, предупредувајќи и нагласувајќи неколку пати дека не станува збор за вежба и дека ситуацијата е многу сериозна...Најмалку 188.000 луѓе се веќе евакуирани од ова подрачје.


Населението во паника почнало да ги напушта своите домови, а на патиштата се создале колони од автомобили.

Имено, шерифот на таа област наредил итна евакуација по предупредувањето на властите дека браната може да попушти поради огромната пукнатина која се појавила пред неколку дена и која забрзано се шири. Дупката се отворила од големиот притисок по обилните дождови.

At least 188,000 people evacuated from Northern California counties after damage to a spillway at the Oroville Dam. http://cnn.it/2knejN7 

"Наредена е итна евакуација на подрачјата низводно од браната", објавил шерифот на округот преку социјалните мрежи, нагласувајќи неколку пати дека не станува збор за вежба. Калифорнискиот Завод за водни ресурси во неделата попладне објавил дека се очекува браната да попушти во наредните неколку часа.
This is what Marysville looks like right now as people try to evacuate 

Во вторникот на километар и пол долгиот преливник на браната, преку кој се празни водата од вештачкото езеро за време на т.н. големи води, се отворил 80 метри долг, 50 метри широк, и 10 метри длабок кратер.
'THIS IS NOT A DRILL': Residents in areas of Oroville, Calif. ordered to evacuate as dam is predicted to fail
Инженерите затоа веќе во четвртокот почнале да испуштаат вода од акумулациското езеро, каде е забележано дека недостасуваат огромни парчиња бетон.
Day 4 - You can't see the spillway, water is raging off the side and racing toward the river  @GoodDaySac@CBSSacramento
Нивото на водата во петокот било помало од два метри од врвот на браната, поради силните дождови и снегот. Калифорнискиот гувернер Џери Браун поради поплавите и појавите на одрони, од Сојузните служби за вонредни ситуации побарал прогласување на елементарна непогода.


Инаку, браната кај градот Оровил, кој има 16.000 жители, е висока 230 метри, а градена е од 1962-та до 1968-та година.



No comments

Powered by Blogger.