Ова се најзагадените земји на светот: Погодувате ли каде се наоѓа Македонија?


Секако дека сме меѓу земјите со најголема загаденост и претпоставуваме дека нашиот народ воопшто не може да биде изненаден од тоа.

Македонија, заедно со уште две држави од регионот, односно Бугарија и Босна и Херцеговина, припаѓаат во "елитната" група од 20 држави на светот кои што имаат најзагаден воздух - истражувањето, односно листата ја подготвиле британските еколози The Eco Experts.

Мапата на британските еколози е изработена врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на смртни случаеви од аерозагадувањето и емисијата на јаглеород диоксид.



Истражувањето опфатило 135 држави, а според британските еколози, најтоксична земја е Саудиска Арабија, а следуваат Кувајт и Катар. Кога станува збор за нашата земја, Македонија се наоѓа на алармантното 17-то место.

Неодамна беше објавена македонско-финска студија која што беше изработена во скопскиот регион и истата потврди дека во еден од најзагадените европски градови - Скопје, годишно умираат по 1,300 луѓе од загаден воздух.



Скопје е меѓу најзагадените градови на светот ако се земат во предвид ПМ 2,5 честичките - во просек годишно во нашиот главен град има неверојатни 70 микрограми ПМ 2,5 честички на метар кубен, а ова значи дека 35% од болестите се причинети од аерозагадувањето.

No comments

Powered by Blogger.