Глувци шират смртоносна болест низ Њујорк: Луѓето умираат поради една иста грешка


До опасна инфекција доаѓа кога човекот преку повреда на кожата или слузокожата, ќе дојде некако во допир со урината на инфицираните глувци и животни.

Градските власти на Њујорк соопштија дека едно лице починало, а уште две се во критична здравствена состојба откако се заразиле со ретка болест која што ја пренесуваат глувците. Само во њујоршката населба Бронкс биле забележани три случаи во последните два месеци и тоа ги загрижи градските власти.

Станува збор за болест која што се нарекува лептоспироза (leptospirosis). До инфекција доаѓа кога човекот преку повреда на кожата или слузокожата, ќе дојде до допир со урината на инфицираното животно.



Поради ова, постои опасност заразата драстично да се прошири, па надлежните служби во Њујорк укажуваат на тоа дека сите граѓани мора да бидат исклучително внимателни во вакви потенцијално ризични ситуации.

Лептоспирозата е болест која што исто така се пренесува од човек на човек, а лекарите велат дека истата може да се лечи со поголема доза на антибиотици.



Градските власти на Њујорк соопштија дека деновиве вложуваат посебни напори со цел да биде намален бројот на глувци во Њујорк, а покрај тоа, започнат е процес на едукација на граѓаните како да се заштитат од заразата.

Инаку, весникот "New York Times" потсетува дека во Њујорк во периодот од 2006-та до 2016-та година биле забележани 26 случаеви на луѓе кои што се заразиле со лептоспироза, а населбата Бронкс е прва по ваквиот број на случаеви.

No comments

Powered by Blogger.