Нереди, солзавец и пожари во срцето на Париз: Бараат правда за момчето кое го силувале полицајци


Протестите и немирите кои започнале во знак на поддршка на Тео, момче кое наводно полицајците го силувале со палка, се прошириле денес кон центарот на Париз.

Околу 200 демонстранти се собрале вчера во населбата Барбе во која протестирале поради наводното силување. Барале правда за Тео со извиците: "Простуваме, но не забораваме".

Протестите се претвориле во нереди кога дел од демонстрантите почнале да палат ѓубре и контејнери. Портпаролот на полицијата изјавил дека полицајците фрлиле солзавец на демонстрантите за да ги растераат, а едно лице било и уапсено. Откако бил фрлен солзавец, демонстрантите се рашириле по центарот на градот и по места кои се популарни за туристите и продолжиле да предизвикуваат нереди.


Тео по апсењето бил хоспитализиран и итно опериран поради тешки повреди. Веднаш откако се дознало за инцидентот, протестите за поддршка тргнале од населбата на Тео и од тогаш се шират. Полицајците се суспендирани, еден од нив е обвинет за силување и прекумерна употреба на сила, а останатите тројца за прекумерна употреба на сила.



Околу 250 лица биле уапсени откако започнале демонстрациите.



Претседателот Оланд го посетил Тео во болница, а потоа ја посетил и населбата во која дошло до нереди и повикал на мир.

No comments

Powered by Blogger.