Изборот на Вашиот појадок открива каква личност сте!


Уште од почетокот на времето, луѓето знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот.

Водени од тоа, Вашиот избор на храна е всушност Вашата најважна одлука во денот. Идеите за совршен појадок се безбројни – од овесна каша и омлет до шолја кафе и кроасан.

Навиките кои ги имате при изборот на појадок откриваат многу за Вашиот карактер. Еве дел од нив:

Јајца и тост



Вашиот избор на појадок е чиста класика – како и Вашиот карактер.
Како во изборот на појадокот, така и во животот Вие не сакате да експериментирате и уживате во секојдневните навики. Сакате дисциплина и се трудите работите да ги доведувате до работ на перфекционизам.

Овесна каша



Ако појадувате овесна каша секое утро, големи се шансите Вашиот живот да е солидно организиран.
Освен тоа, Вие го ставате Вашето здравје на прво место и веројатно сте физички активни преку целата недела.
Тоа, или едноставно уживате станувајќи 30 минути порано секое утро, за да подготвите чинија полна здравје која не е многу вкусна, без разлика колку јагоди ќе додадете.

Палачинки


Доколку сте од оние малкумина кои знаат да уживаат во утрото со порција чоколадни палачинки, веројатно сте слатки и топли, како и изборот на Вашиот појадок.
Вие се сакате себеси, но не на его-манијачен начин. Едноставно уживате во својата кожа.
Никогаш не ги осудувате другите и луѓето ја препознаваат оваа карактеристика кај Вас. Веројатно, затоа и никој не Ве осудува Вам.

Смути


Луѓето кои пијат смути или свежо цедени сокови за појадок припаѓаат на видот "здравствени параноици". Доколку сте еден од нив, веројатно сте вегетаријанец или веган коj практикува јога и медитирање. Вие немате проблем со гладувањето бидејќи сте навикнати на секојдневни прочистувачки режими.

Зашеќерени житни снегулки



Доколку имате навика, секојпат кога пазарите, да ги земате оние зашеќерени снегулки за деца во супермаркетот, тогаш Вие не се плашите од животот.
Вие сте личност која ужива во бескрајни филмски маратони и не сте голем љубител на здравите навики (проценувајќи по појадокот). Сигурно живеете под мотото “Почести се себеси”. Луѓето Ве проценуваат како забавна личност бидејќи го живеете животот до максимум и уживате во малите нешта.

Кафе


Вие сте личност која не го сака утрото, и поради тоа не можете да го отпочнете денот без шолја кафе. Тоа, или едноставно немате време за појадок, поради Вашиот пренатрупан распоред. Често се прашувате колку пари би заштедиле доколку сами си го приготвувате кафето, но тешко Ви е да се откажете од макијатото за носење.

No comments

Powered by Blogger.