Австралискиот премиер: „Трамп е силеџија! Бев искрен и љубезен, а тој почна да вика”


Откако американскиот претседател Доналд Трамп буквално му ја треснал слушалката и го завршил разговорот со него, австралискиот премиер Малком Трнбул го нарекол Трамп „силеџија“.

Трамп и Трнбул разговарале за договорот според кој САД треба да прими околу 1250 азиланти од Австралија.

Тој договор бил потпишан уште за времето на мандатот на Барак Обама.




Иако Трнбул во официјалното соопштение за разговорот со Трамп рекол дека немало несогласувања и на новинарите им рекол дека нема да изнесува детали од разговорот, најпрво рекол дека немало спуштање на слушалка, а подоцна изјавил дека „разговорот наеднаш бил прекинат“.

„Бев искрен и љубезен. Австралијците добро ме познаваат и знаат дека секогаш се залагам за Австралија“, рекол Трнбул.

Меѓутоа, австралиските медиуми пренесоа дека тој бил лут на Трамп. Извори блиски до Трнбул рекле дека тој го нарекол Трамп „силеџија“ и рекол дека тој му „возвратил“.



„Тој е силеџија, а на силеџиите мора да им се одговори на сличен начин“, рекол тој, велат изворите за "Sky News Australia".

Изворите рекле дека Трамп викал, а дека Трнбул не седел и само слушал, туку се обидел да му возврати.

Разговарајќи во четвртокот со новинарите, откако Трамп објави твит во кој рече дека ќе изврши ревизија на „глупавиот договор“, Трнбул рекол дека е свесен дека тоа не е договор каков што Трамп сака, но дека се надева дека тој ќе го испочитува договорот.

No comments

Powered by Blogger.