Хоуп Шарлот Хикс е жената без која Трамп не може: Измислил ново работно место за неа?



Младата дама се најде на листата на 30 највлијателни личности под 30 години, иако на најголем дел од новинарите не им се допаѓа и ја карактеризираат како непрофесионална.

Хоуп Шарлот Хикс, убава 28-годишна бринета, чие име балканските медиуми можат да го преведат како Надеж (Hope - Надеж), е една од најблиските бизнис соработници на Доналд Трамп.


Таа за време на предизборната кампања на новиот претседател на САД била одговорна за осноси со јавноста, а со оглед на тоа дека по победата за неа не останала слободна работна позиција, Трамп одлучил дека за неа буквално ќе измисли една таква.

Атрактивната дама е една од најмладите членови на кабинетот на Трамп, а претседателот го запознала преку неговата ќерка Иванка Трамп, која и ја вработила во 2014-та година откако била воодушевена како Хоуп го сработила маркетингот за нејзината модна линија, пренесува Business Insider.


Кога станала член, односно лидер на маркетинг тимот на кампањата на Доналд Трамп, Хоуп немала искуство во политика, па започнала да работи дури пет месеци пред да биде објавена неговата кандидатура.

Поради големиот успех во водењето на кампањата, Хоуп се најде на листата на 30 највлијателни личности под 30 години, иако на најголем дел од новинарите не им се допаѓа и ја карактеризираат како непрофесионална.

Причината за ова е фактот дека многу е тешко да се добие билокаков коментар од Хоуп Хикс, а многумина тврдат дека токму поради тоа стана толку успешна и интригантна.


Блиски соработници на Доналд Трамп велат дека тој има целосна доверба во Хоуп, а кога ќе го прашаат за неа тој употребува само две придавки - природна и извонредна. Се "шушка" дека зад официјалниот Твитер профил на новиот претседател на Америка стои токму таа, а со нејзината популарност порасна и интересот за нејзиниот живот пред да му стане ПР на Доналд Трамп.


Всушност, Хоуп некогаш се занимавала со манекенство и глума, но откако започнала да работи рамо до рамо сo Трамп, избегнува јавно да се појавува.

No comments

Powered by Blogger.