Консумирајте ја оваа намирница за совршени стомачни мускули!


Вметнете ја оваа намирница во Вашата секојдневна исхрана за совршени стомачни мускули!

Доколку сакате да ослабнете и да се ослободите од масните наслаги околу стомакот, тогаш морате да внимавате на Вашата исхрана, која е клучна во остварување на оваа цел.

Храната треба да Ви обезбеди доволно енергија за да можете да функционирате во текот на целиот ден, но и да Ви пружи доволно енергија за вежбање.

За да добиете најбрзи резултати во најкраток можен рок, оброците треба да Ви бидат исполнети со свежо овошје и зеленчук.

Меѓутоа, за да го држите апетитот под контрола, најважно е да внимавате што грицкате измеѓу оброците.

Наместо да посегнете по слатките или нездрави грицки кога сте гладни, грабнете неколку бадеми.




Бадемите се богати со протеини, влакна и калциум, но исто така содржат и најмалку калории од сите јаткасти плодови.

Оваа суперхрана е богата со витамин Е и магнезиум, а една порција од 28 грама содржи 6 грама протеини и 4 грама влакна.

Но, тоа не е сè – освен тоа што бадемите помагаат во градење на мускулна маса, тие Ве штитат од голем број на кардиоваскуларни болести, а здравите масти кои ги содржат го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.

No comments

Powered by Blogger.