Пронајдено во јама двегодишното девојче, поради кое цела Македонија беше на нозе

Пишува: Точка
Девојчето кое исчезна вчера во Кичево, било преплашено кога го пронашла полицијата. Пронајдено е во јама, но за среќа живо и здраво. Со ова заврши масовната потрага по малата Наде во која учествуваа СВР Охрид, полициската станица од Кичево и МВР, кучиња-трагачи како и Дрон.

Пренесено е во полициска станица, а ќе му бидат извршени и медицински прегледи за да се утврди дали е во добра здравствена состојба со оглед на тоа што ја поминало ноќта само на отворено.

Во Кичево, двегодишната Наде заедно со својата шестгодишна сестричка и вујкото оделе пеш од Кленоец кон Извор. Во близина на јарболот во село Кленоец, малечката Наде му кажала на вујко си дека не може да продолжи да оди бидејќи се изморила, а тој ја оставил на патот и продолжил со шестгодишната внука (сестра и') во село Извор.




По еден час кога се вратил на местото кадешто се разделиле таа не била таму. Се вратил и во куќата во село Кленовец, но девојчето не било ни таму.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, вујкото на девојчето В.Ј. (32) од Карбуница вчеравечер пријавил во полиција дека ова се случило истиот ден околу 13:45 часот. Тој со родителите на Наде го пребарале целото село, но немало ни трага ни глас од девојчето, па вечерта во 20:50 часот го пријавиле случајот во полиција.

Малата Наде беше исчезната повеќе од 24 часа, а по неа трагаа СВР Охрид, полициската станица од Кичево и МВР, а во потрагата се вклучени и кучиња-трагачи како и Дрон кој лета над шумата и целиот терен на подрачјето.

No comments

Powered by Blogger.