Вистински генијалец: Готвачот кој го освои и Леонардо Дикаприо


Нусрет Гокче стана голема ѕвезда поради својот интересен став додека посолува месо.

Турскиот месар, готвачот и претприемач Нусрет Гокче, преку ноќ стана планетарно познат поради неговиот потег и став кој го има додека подготвува храна.

На социјалните мрежи за брзо време се прошири фотографијата на која Нусрет на вистина уникатен начин го посолува стекот, а таа фотка ја сподели дури и пејачот Бруно Марс.



Големиот готвач во неговиот ресторан го посетил дури и Леонардо Дикаприо.

Готвачот веднаш се пофали со фотографија од славниот гостин на својот профил на Инстаграм, која за неполни 24 часа им се допаднала на повеќе од 600.000 корисници на оваа социјална мрежа.


Нусрет веќе одамна е ѕвезда во својот роден град каде што има синџир на ресторани кои ги посетуваат славни турски ѕвезди.


No comments

Powered by Blogger.