Неуништиво! Мистериозно суштество од длабочините на водата кое може да преживее во вселената

 Oвие микроскопски суштества можат да преживеат неверојатни поларни студови, екстремни горештини, но и престој во вселената.

Тардиградите или водните мечки се микроскопски суштества големи околу 1 милиметар. Тие имаат осум нозе и муцка, а поради заобленото тело го добиле прекарот водни мечки. Тие се хранат со растителни клетки и мали животни.

Живеат во сите мориња и слатки води, преживуваат во џебовите на мовта, а можат да се најдат и на влажните места на покривите од куќите.



Тие имаат толку неверојатен „нагон“ за преживување, што ќе се прилагодат на немилосрдните услови и кога не се во близина на вода. Тие ги забавуваат своите витални функции до состојба слична на смрт и чекаат да дојдат подобри услови неколку месеци, или дури и години. Кога ќе се вратат во нормални, влажни услови, повторно заживуваат во период од неколку минути до неколку часа. Поради тоа не е чудно што се предмет на многу научни истражувања.

Преживуваат поларни студови и големи горештини

Експериментите покажале дека можат да преживеат во термални води кои досегнуваат до 150 степени Целзиусови или да опстанат под неколку слоеви мраз на планинските врвови на Хималаите на -200 степени Целзиусови. Исто така, можат да поднесат радијација неколку илјади пати поголема од онаа која може да ја преживее човекот.


Европски истражувачи во 2007 година ја тестирале отпорноста на овие микроскопски суштества во вселената цели 10 дена. Дури 68 отсто од примероците кои биле заштитени од директното сончево зрачење го преживеале враќањето на Земјата, но преживеале и неколку од оние кои немале никаква заштита.

No comments

Powered by Blogger.