Што гледате прво? Тоа покажува во која мера сте навистина „злобни“

Имајте на ум дека ова е тест за забава! Што забележавте прво?

Погледнете ја оваа слика, а она што прво ќе го забележите на неа ќе ви открие дали сте по малку злобни, дали имате пресметлив ум или сте добар човек кој никому не може да му рече „не“.

Под сликата се наоѓаат објаснувањата. Што забележавте прво?



Брод

Доколку прво во очи ви падна бродот, тогаш знајте дека сте по малку „злобни“. Тоа не значи дека сте притаен убиец без совест, туку дека вашиот ум има поголем капацитет за разбирање на злото во светот. Би можело да се заклучи дека сте лукави, пресметливи и дека на прво место ви се сопствените интереси.

Понекогаш знаете да пламнете поради ситници. Сепак, мора да ви се признае дека токму поради сето тоа сте предодредени за успех, бидејќи живееме во свет каде што тоа е така.

Човек

Тоа покажува дека сте комбинација на добро и зло, и тоа во сооднос 80:20. Тоа значи дека во вас има многу повеќе добрина. Претежно сте мили, грижливи и топли, но понекогаш во вашиот ум преовладува она мало зло, па знаете да бидете и непријатни. Сепак, и тогаш се трудите да го ублажите тоа зло бидејќи поради тоа се чувствувате некако непријатно.

Сакате да бидете меѓу луѓе, да се дружите и да стекнувате нови познанства. Луѓето ве сакаат бидејќи сочувствувате со нив која не им оди се` како што треба.

Океан

Вие сте многу добри и никому не можете да кажете „не“. Многу сте нежни, љубезни и пожртвувани. Пријатно е да се биде во ваше друштво бидејќи немате никакви скриени мисли и не гледате како да ги искористите другите.

No comments

Powered by Blogger.