Беснее нарко-војна на белградските улици: Експлодирал автомобил во движење, мета - познат дилер


Во Белград денес во околу 10:30 часот на улица Јован Бјелич во населбата Браќа Јерковиќ на Вождовац, експлодирал автомобил во движење.

Едно лице е потешко, а две полесно повредени при детонацијата. Возачот на автомобилот кој експлодирал бил пренесен во болница.

"Станува збор за 30-годишен маж и 55-годишна жена. На нив им е укажана помош на самото место", рекле докторите за српски Blic.

Според првите и непотврдени информации, автомобилот бил разнесен со бомба на далечинско активирање, а мета бил 38-годишниот Иван Ч., од претходно познат на полицијата и неколку пати приведуван во врска со дрога.




Досега имало два неуспешни обиди за негово убиство - прв пат во 2004-тата година во престрелка, а втор пат пред две години исто така со автомобил-бомба.

Како што се гледа на снимката која настанала непосредно по експлозијата, еден автомобил е во пламен, додека на тротоарот во близина се наоѓа маж кој лежи, додека минувачите му пружаат помош.

No comments

Powered by Blogger.