Сириската армија со сите сили удри на истокот: Џихадистите се под брутална опсада, а над главата им летаат руски авиони


На снимките можат да се видат копнените борби на сириската армија и воздушните удари на сириското и руското воено воздухопловство на териториите кои се под контрола на Исламската држава.

Медиумскиот сервис „Ал Масдар“, инаку близок до режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, објави видео снимка на која што може да се види дел од интензивните борби на Сириската Арапска Армија и локалните вооружени групи против џихадистите на Исламската држава.

Покрај бунтовничките групи, на истокот на земјата исто така се присутни и џихадистите на Исламската држава кои што се во огромен број. Сепак, според последните информации, силите на Башар Ал Асад напредуваат длабоко во териториите на радикалните исламисти - нивното последно големо упориште на истокот на земјата.

Сириската Арапска Армија според последните информации, се наоѓа на нешто помалку од еден километар од воздушната база која што неодамна ја зазедоа џихадистите на Исламската држава.

На видео снимката можат да се видат воздушните удари на сириското воено воздухопловство на областа која што е под контрола на џихадистите.


Ситуацијата на истокот на Сирија, поточно во областа околу градот Деир Ез Зор стана прилично алармантна, со оглед на тоа што огромен број на џихадисти пребегнаа од ирачки Мосул, токму на истокот на Сирија и таму значително ги зацврстија своите позиции.

Деир Ез Зор е буквално под опсада на џихадистите, а градот ги добива потребните намирници исклучиво од воздух. Поради сериозноста на ситуацијата и големиот налет на џихадистите, Русите одлучија да им помогнат на силите на Асад, па во изминатиов месец руското воено воздухопловство изведува борбени операции на истокот на Сирија.



Во изминатите неколку дена, на истокот на Сирија дури се појавија и руските бомбардери со голем домет кои што придружувани од воени ловци изведоа низа на воздушни напади, по што директно се вратија во базите на територијата на Руската Федерација.

Сепак, според последните информации, моментално ситуацијата на теренот е во корист на Сириската Арапска Армија, иако, јасно е дека уште долго време ќе траат борбите за ослободување на провинцијата која што во најголем дел е под контрола на бунтовничките групи и Исламската држава.

No comments

Powered by Blogger.