Империјата на Путин: Рускиот претседател пријавил дека поседува два стана и "половина гаража", но всушност..


Доколку новите истражувања се покажат точни, Владимир Путин би можел да биде новиот најбогат човек на светот. Во моментов, според листата на Форбс, прв е Бил Гејтс - 75 милијарди долари, но рускиот претседател би можел да тежи дури 200 милијарди долари.
Всушност, Форбс во својата листа на најбогати никогаш не го објавиле Путин бидејќи, како што велат, кај нив нема место за светски лидери, особено пак "диктатори, кои станаа богати само на сметка на привилегираната позиција што ја имаат".

Во 14-те години од владеењето на Путин, Русија заработила многу пари, но со оглед на тоа дека не беше инвестирано во училишта, патишта и болници, износот очигледно "лежи" негде - во швајцарски банки, вложен во недвижности или фондови управувани од страна на рускиот претседател.. - изјави Бил Браудер уште во 2015-та година, ко-основач на инвестицискиот фонд "Hermitage Capital Management" и еден од најголемите критичари на Путин. 


Политичкиот аналитичар Станслав Белковски тврди дека рускиот претседател се збогатил на среќа во нафтениот бизнис - наводно контролира 37% од фирмата "Surgutnjeftgaz", 43% од "Gazprom", a се шушка и дека е сопственик на акциите во фирмата "Gunvor", која само во 2012-та година заработи 93 милијарди долари. Сите фирми овие тврдења остро ги демантираа.

Тоа што сигурно се знае е дека Путин е сопственик на 35 милиони долари вредна и луксузна јахта "Олимпија" - ја добил како подарок од Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот тим "Челси" откако станал претседател на Русија. 


Покрај тоа има и палата на брегот на Црното Море која наводно вреди милијарда долари, пишуваат Daily Mail, иако во јавност ова го негира. 

Палатата е изградена исклучиво за него, а платена е со парите од тајните фондови на руските олигарси, изјавил за BBC рускиот претприемач Сергеј Кољесников, кој поради несогласувања со режимот ја напуштил Русија. 


Путин, како што е наведено во досието за него, составено од неговиот некогашен политички опонент Борис Немцов, кој пред неколку години беше брутално ликвидиран во близина на Кремљ, наводно има 58 авиони и хеликоптери, колекција часовници од 500.000 долари, 20 вили и имоти на село. 

Неговиот приватен авион вреди 137 милиони долари, а тоалетот во него е поплочен со злато. Само тоалетот "тежи" 62.000 долари, изјавил Немцов.

Во државата во која 20 милиони граѓани едвај врзуваат крај со крај и живеат во сиромаштија, луксузот со кој серасфрла претседателот се граничи со лудило - коментирал Немцов. 


Иронично, Владимир Путин во 2014-та година пријавил дека заработил се на се околу 119.000 долари, а при пријавување имот навел дека е сопственик само на два апартмани и пола гаража. 


No comments

Powered by Blogger.