Овие Американци денес се помоќни од Трамп но платите им се двојно помали од неговата


Федералниот апелационен суд одби да ја спроведе извршната наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, којашто на патниците од седум држави со мнозинско муслиманско население им беше забрането да влезат во САД.

На оваа одлука веднаш реагираше и претседателот Трамп, кој на Твитер напиша "Се гледаме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање."

Понискиот суд во Сиетл привремено ја забрани извршната наредба, а адвокатите на американското Министерство за правда поднесоа жалба до Деветтиот Апелационен суд за одлуката.

Комисијата од тројца судии од Деветтиот Апелациониот суд на САД одбија да го блокираат спроведувањето на одлуката на понискиот суд кој ја суспендираше извршната наредба. Овој суд е најголем од 13 апелациони судови со 29 активни членови. Седиштето му е во Сан Франциско, но често се среќаваат и во Сиетл, Портланд и Пасадена. Судиите често патуваат во други градови за да го решат случајот, а заработуваат повеќе од 16.600 евра месечно, што е за половина помалку од примањата на претседателот Трамп кој според Уставот треба да добива 31.350 евра месечно. Колку за потсетување, тој во средината на ноември изјави дека се откажува од неговата плата и дека ќе ги прифати само еден долар (нешто помалку од едно евро).

Судиите Ричард Р. Клифтон, Вилијам Канби и Мишел Т. Фридленд велат дека претседателот има право да донесува одлуки за мигрантската политика, но додадоа дека судовите имаат право да проценат дали овие одлуки се во согласност со Уставот.

Тие разговараа и за тоа дали забраната го прекршила уставот бидејќи целта е само една религиозна група (муслимани), но не можеле да дојдат до заклучок.

Беше кажано дека не постојат докази дека странците од овие седум земји на чии државјани им е одбиен влез, имаат извршено терористички напад во САД, објави BBC.

Сепак, беше истакнато дека двете страни имаат добри аргументи, бидејќи од една страна јавноста има силен интерес за националната безбедност, но од друга страна имаат и силен интерес да се патува слободно и да се спречи поделбата на семејства и дискриминација.



Судиите не одлучувале за уставноста на регулативата, но само за прашањето за престанок на привремената забрана.

Тие додаваат дека адвокатите на Доналд Трамп не се ни обиделе да го поткрепат својот случај со релевантни докази. Тие не можеле ниту да објаснат зошто забраната за патување е воопшто потребна, туку само изјавиле дека тоа е одлука на претседателот.

Одлуката е донесена едногласно, без партиска пристрасност, а еден од судиите во мнозинството е републиканец.

По пресудата на Апелациониот суд се појави и Хилари Клинтон, која подбивно на Твитер напиша само "3-0", повикувајќи се на одлуката на судијата.


По оваа одлука адвокатите можат да поднесат жалба само до Врховниот суд на САД, кој е највисокиот Федералниот суд во САД. Тој го има последниот збор во одлуките на сите федерални и државни судови. Овој суд се состои од главниот судија, плус осум други судии кој ги именува претседателот и чија кандидатура е потврдена од Сенатот.

Судиите на оваа позиција се доживотно, освен ако не поднесат оставка или не се пензионираат. Од овие позиции можат да бидат отстранети и со импичмент. Според податоците од 2015 година нивните плати се движат од 19.300 евра до 20.100 евра.

No comments

Powered by Blogger.