Најголемиот тест за односите на Трамп и Путин ќе биде една балканска држава

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Мајкл Флин, ќе му препорача на Доналд Трамп да го поддржи влегувањето на Црна Гора во НАТО, и покрај противењето на Русија, објавил порталот "Politico".

Порталот потсетува дека новиот американски претседател во текот на кампањата го критикувал НАТО и го нарекол застарен, како и дека се надева на воспоставување на подобри односи помеѓу Вашингтон и Москва. Поради тоа, поддршката за влез на Црна Гора во НАТО би можела да биде најголем тест за политиката на новата американска администрација кон Москва, која секоја експанзија на Алијансата кон Исток ја смета за провокација.

"Другите членки на НАТО и Сенатот на САД го поддржуваат членството на држава со 650.000 жители, која некогаш била дел од Југославија, во НАТО", пишува Politico.



Како што се наведува, црногорските лидери го обвиниле претседателот на Русија, Владимир Путин, за предизвикување нестабилност во Црна Гора, за да ја ослаби поддршката за влез во Алијансата. Имало и теории на заговор дека некои руски движења сакаат да извршат атентат на црногорскиот премиер.

"Тоа што Русија го направи во Црна Гора е единствен случај. Ниедна земја кандидат за влез во НАТО никогаш не се соочила со така тежок напад или закана во процес на завршување на влезот во членството на НАТО", рекол за Politico Хорхе Бенитез, експерт за НАТО од организацијата "Атлантски совет".



Порталот цитира и неименуван висок службеник од администрацијата на САД, дека се очекува Флин "да му препорача на Трамп да го поддржи приемот на Црна Гора во НАТО во наредните денови".

Исто така, се наведува дека влезот на Црна Гора во НАТО е контроверзно прашање, а дека повеќето анкети покажуваат дека граѓаните се поделени по тоа прашање.



Надворешно политичкиот одбор на Сенатот на САД кон средината на јануари едногласно ја одобрил ратификацијата на Протоколот за пристапување на Црна Гора кон НАТО. За да биде ратификуван, потребно е за него да гласа двотретинското мнозинство од 100 сенатори.

No comments

Powered by Blogger.