Ова се европските земји од кои луѓето најмногу заминуваат: Дали сте изненадени од резултатите за Македонија?


Новата карта на Европа открила од кои земји најмногу жители заминуваат, но и каде одат.

Картата го прикажува бројот на луѓе родени во некоја земја кои живеат надвор, во однос на бројот на жители на таа земја во 2015-тата година. И сето тоа е прикажано во проценти.

Европските земји, вклучувајќи ги Португалија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, но и Македонија, се соочени со фактот дека повеќе од петина од нивната популација емигрира.

Деталната карта покажува дека речиси пет милиони луѓе кои биле родени во Велика Британија, се преселиле во друга земја до крајот на 2015-тата година.

Во Ирска, 18,8 проценти од оние кои се родени таму, се преселиле од земјата.


Најголем број на луѓе кои одлучиле да ја напуштат својата земја доаѓаат од БиХ. Околу 1,6 милиони луѓе родени во БиХ, живееле надвор од земјата до 2015-тата година.

Тоа значи дека 43,3 проценти од луѓето ја напуштиле Босна, а 5 проценти помалку, односно 38,8 проценти, си заминале од Албанија.

Како што наведовме погоре, и Македонија се наоѓа високо на таа листа. Дури 24,8 проценти од луѓето родени во Македонија, до 2015-тата година ја напуштиле државата.

Целосниот извештај можете да го погледнете тука.

No comments

Powered by Blogger.