Роси Хантингтон Вајтли ја најави својата бременост во бикини


Моделот Роси Хантингтон Вајтли е во очекување на дете. 29-годишната убавица веста за својата прва бременост ја сподели на својот Инстаграм профил каде има околу 7 милиони следбеници. Партнер на Вајтли е актерот Џејсон Стејтам, со кого е заедно од 2010 година.

Роси сподели фотографија на која таа позира бремена во бикини. „Многу сум среќна да споделам дека Џејсон и јас очекуваме дете. Многу љубов!“, напиша Вајтли.

Роси Хантингтон Вајтли и Џејсон Стејтам на доделување на наградите 2016 Critics Choice Awards.

No comments

Powered by Blogger.