Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин

Италија овие денови протестира за убиството од одмазда кое го извршил Фабио Ди Лело. Тој со пиштол го убил Итало Д'Елисо, кој ја убил неговата сопруга, налетувајќи на неа со автомобил при непримерно возење во градот Васто.

Ди Лело претходно ја променил својата профилна фотографија на Фејсбук, ставајќи фотографија од Максимус, ликот кој го глуми Расел Кроу во филмот "Гладијатор" со цитат од филмот: "Јас сум татко на убиениот син, и сопруг на убиената жена, и ќе се одмаздам, во овој или во наредниот живот".



Откако го убил Д'Елисо, Ди Лело се предал во полицијата. Неговата 33-годишна сопруга Роберта Смардиаси загинала минатата година откако на неа со автомобил налетал Д'Елисо. Ди Лело прво по убиството го ставил пиштолот на гробот на сопругата, а потоа бил уапсен на истото место.


"Немав поим дека подготвува ваква одмазда, бев многу изненаден кога дознав. Не знаев ни дека поседува огнено оружје, но неговата психичка состојба била многу лоша", изјавил адвокатот на Ди Лело.


Ди Лело моментално се наоѓа во притвор, а судењето за убиството би требало да започне во февруари, пишува Daily Mail.


No comments

Powered by Blogger.