Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!


Лијан Хантер е девојка која добила псоријаза кога имала само пет години. Низ годините, нејзините дамки се прошириле по целото тело. По многу непријатности, Лијан храбро почнала да објавува фотографии од овие кожни дамки, сè со цел да ги прекине предрасудите кои постојат.

Оваа 29-годишна девојка од Манчестер била дијагностицирана со псоријаза, која се проширила кон сите делови на нејзиното тело. Сувите дамки на кожата ја доведувале до агонија – морала да трпи најразлични коментари за нејзиното здравје, меѓу кои и молба од чуварот на базенот да излезе од вода, под претпоставка дека може да ги зарази останатите кои се капат. По сите години страдање и секојдневно понижување, таа конечно се чувстува сигурно. Лијан одлучила да спроведе мисија за образување на јавноста околу оваа болест.

Оваа девојка, која е воедно и директорка на сметководствениот оддел на една PR агенција, вели дека не се сеќава на животот без псоријаза.

“Родена сум за да имам цврст став. Сега сум полна со самодоверба. Кога бев на тинејџерска возраст, избегнував места преполни со луѓе бидејќи се плашев од исмејување.” – вели Хантер.

Таа се сеќава на дента кога на 13 години ја одвела својата помала сестра на базен, но не можела да се капе бидејќи чуварот на базенот сметал дека може да ги зарази и другите.


“Бев лута и вознемирена, пробав да му објаснам дека псоријазата не е заразна, но тоа ништо не смени. Тие побараа од мене да го напуштам базенот. Тоа беше моментот кога сериозно станав свесна за својот проблем” – вели таа.

Лијан, со текот на годините, научила како да се справува со туѓите погледи: “Кога ќе уловам нечиј поглед, само се насмевнувам и велам “тоа е псоријаза, состојба во која слоевите на кожата се развиваат многу побрзо од нормалното”. Тоа не е сосема точно, но доволно е луѓето да сфатат дека оваа болест не е заразна.”


Кожата ѝ реагира на студ, шеќер и стресни ситуации. Лијан одбегнува да прима терапии со силни лекови – таа се осврнува кон природните решенија како кокосовото масло, алкалната диета и јогата, со која ја смирува воспалената кожа. Редовно оди на одмор со својот партнер Фил Бенет.

“Тогаш дамките исчезнуваат, но не засекогаш. Тие се рамни и помалку воспалени. Мислам дека тоа е поради комбинацијата од сонце, лесна облека и чувството на опуштеност и задоволство”.


Лијан студира нутриционизам и се надева дека со таквата исхрана ќе успее да го реши својот проблем со псоријазата но и проблемот на другите луѓе. Таа и денес се соочува со многу коментари за нејзиниот изглед, но истите не ѝ влијаат како порано.

На сегашното момче му признала за ова кожно пореметување уште на првиот состанок, но тој вели дека му се допаѓа нејзината искреност и денес, на моменти заборава дека таа страда од псоријаза. Бенет вели дека воопшто не му смета оваа болест, бидејќи тоа е составен дел од нејзината убавина.

No comments

Powered by Blogger.