Славната тенисерка објави необработена фотографија и на сите жени им испрати силна порака


Тенисерката Серена Вилијамс позирала во посебниот едиторијал на магазинот „Sports Illustrated” во костим за капење.
Фотографиите се снимале на егзотична локација, а тенисерката за магазинот открила дека позирањето во костим за капење ѝ било постресно отколку играњето на било кој тениски турнир.


„Луѓето ме гледаа од високо, бидејќи никогаш не изгледав како просечна, обична девојка. Луѓетоо гледаа низ мене поради бојата на мојата кожа. Ме потценуваа затоа што сум жена. Ми се случуваше да ми кажат дека никогаш нема да освојам ниту еден Грен Слем, кога бев седма на WTA листата. Денес имам 21 освоена титула и планирам да освојувам уште“, рекла Серена во интервјуто за магазинот кој ја прогласил за спортистка на годината.


Она што е најинтересно е дека Серена објавила и една неретуширана фотографија на својот профил на Инстаграм и така покажа дека се прифаќа себеси онаква каква што е.


„Таа зрачи со самодоверба, бидејќи таа е жена“, напишала Серена во описот на фотографијата.

No comments

Powered by Blogger.