Нови протести во Романија - речиси половина милион луѓе против одлуката на Владата

Речиси половина милион луѓе протестираа синоќа во Романија, шести ден по ред иако Владата го повлече спорниот указ за декриминализирање на некои корупциски дела. Во Букурешт имаше повеќе од 250 илјади демонстранти пред зградата на Владата и уште толку во други романски градови.

Демонстрантите бараат оставка од социјалиситчката влада на Сорин Гриндеану. Тоа се најмасовни протести во Романија од револуцијата во 1989 година во кои беше соборена владата на диктаторот Николае Чаушеску.

Против указот на Владата застана и Православната црква во Романија. Премиерот во интервју изјави дека нема да поднесе оставка. Владата беше формирана по изборите на 11 декември минатата година.

No comments

Powered by Blogger.