Морничави факти кои не сте ги знаеле за кошмарите


Истражувачите не знаат многу околу кошмарите и нивната појава, но не е поради тоа што не се трудат доволно.
Лошите соништа се субјективни, лични и минливи, па затоа е тешко истите добро да се проучат. Иако многу работи не знаат, она што истражувачите досега го откриле за кошмарите може да Ве изненади – па дури и исплаши.

Тие не се буквални

Научниците се согласуваат дека повеќето од комшарите се предизвикани од анксиозност, но тие не се буквална интерпретација на она што Ве мачи. Едно мало истражување од универзитетот Tufts ги анализирало соништата на луѓето по нападот на кулите-близначки во Америка. Нивната теорија е дека овој настан предизвикал некој вид на траума кај населението.

Иако сите испитаници имале кошмари (ниту еден од нив не бил директно засегнат од нападот), никој од нив не сонувал нешто директно поврзано со тоа, како на пример авиони или високи згради, и покрај тоа што сцената од настанот постојано ја емитувале на сите телевизиски канали.

Никој нема да Ве чуе како викате

Во филмовите, често луѓето се превртуваат во сон или се будат викајќи кога имаат кошмари. Во реалноста не можете да викате – ниту да се мрдате.

“Во текот на РЕМ фазата, сите мускули Ви се парализирани, освен очните мускули и системот за дишење” – вели др. Aneesa Das, помошна професорка и специјалист по интерна медицина.

Кога седите и викате, веќе сте будни. Поради тоа, кошмарите ги паметите многу поживописно од останатите соништа.


Кошмарите се припрема за вистинската работа

Некои истражувачи сметаат дека соништата се рефлексија на Вашата потсвест, додека други тврдат дека тоа е начинот на кој Вашиот мозок работи додека телото одмара.
Сепак, др. AJ Marsden, помошен професор по психологија на Beacon универзитетот во Флорида тврди дека соништата се начин на кој мозокот пробува да ги реши проблемите или силните емоции.

“Ноќните мори се начин на кој мозокот се припрема за стресната ситуација” – вели тој.

Соништата можат да се контролираат

За тоа е потребно многу вежбање. Луцидните соништа се случуваат кога сте свесни да сонувате и можете да одлучите во кој правец ќе се насочува Вашиот сон.
Истражувачите ја користат оваа техника за да им помогнат на луѓето кои патат од пост-трауматичен стрес и кои редовно се соочуваат со ноќните мори.

“Веруваме дека со учењето како да ги контролираат своите соништа, луѓето ќе можат полесно да се сносат со траумите”, вели др. Das.

No comments

Powered by Blogger.