Мегавозови долги два ипол километри пренесуваат опасни материи

Во мауританската пустина, воз подолг од два ипол километри вози помеѓу дините и носи 22.000 тони железна руда која е главниот извор на богатство на земјата.

Возовите ширум светот пренесуваат различен товар, а за многу земји токму тие се изворот на надеж и спас. Некои од нив ја спречуваат економската изолираност на далечните територии, други поврзуваат области и нивниот народ, додека трети и' пркосат на природата и возат низ тешко проодни средини.



Постојат и такви мегавозови кои пренесуваат опасни материи, а сепак неопходни за развој на одредени земји. Овие возови влијаат врз секојдневниот живот на илјадници луѓе.

Во мауританската пустина воз подолог од два ипол километри вози помеѓу дините и носи 22.000 тони железна руда која е главниот извор на богатство на земјата.



Во исто време во Канада 45 товарни вагони поминуваат илјада километри помеѓу градовите Prince Rupert и Whittier на Алјаска на прениски температури и лоши временски услови.



Овие возови ги демнее опасност зад секој агол. Во моментов, овие мегавозови се во екот на интересот на истоимената серија која можете да ја следите оваа сабота (11-ти февруари) со почеток од 19 часот на "Discovery Channel".

No comments

Powered by Blogger.