Трамп како новиот Никсон: Дали претседателот на САД ќе го заврши мандаот предвреме?

Доналд Трамп деновиве стана вториот американски претседател во историјата кој што отпуштил Врховен обвинител - единствено пред него тоа го сторил Ричард Никсон и тоа осум месеци пред да биде отповикан.

Џон Дин, поранешен советник на американскиот претседател Ричард Никсон, предупреди на Твитер по повод отказот на Сели Јејтс, дека мандатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе заврши предвреме.

Дин своевремено беше еден од најценетите правници во Соединетите Американски Држави, а ФБИ го опишува како „мајстор за манипулации во заташкувањето на скандалот Вотергејт“.

Џон Дин го советувал претседателот Ричард Никсон до крајот на неговиот мандат, односно до моментот кога било невозможно „авантурата“ да продолжи и Никсон на крајот поднел оставка од претседателската функција.



„Како започна претседателскиот мандат на Трамп, лесно е да се види дека ќе заврши со пропаст. Тоа е речиси сигурно. Дури и Републиканците го знаат тоа“, напиша Дин на својот профил на Твитер.

Доналд Трамп ѝ врачи отказ на Сели Јејтс откако таа одбила да ги прифати неговите одредби за имиграција. Интересно е тоа што само десетина дена откако влезе во Белата Куќа, Доналд Трамп стана вториот американски претседател кој го сторил тоа - единствено пред него истото го сторил Ричард Никсон.

Голем број на медиуми во САД го споредија потегот на Трамп со познатиот потег на Никсон наречен „Масакрот во саботната вечер“, односно чистката на функционерите за време на аферата „Вотергејт“ која што на крајот резултираше со негова оставка од претседателската функција.



Никсон во ноември 1973-та година му нареди на Врховниот обвинител Елиот Ричардсон да го смени Арчибалд Кокс, специјален обвинител за аферата „Вотергејт“.

Ричардсон го одбил тоа и поднел оставка. Следувала бесна реакција на Конгресот кој што ги окарактеризирал потезите на Никсон како „злоупотреба на претседателските овластувања“. Во следните неколку денови, анкетите за прв пат покажале дека поголемиот дел од Американците се за отповикување на претседателот Никсон.

No comments

Powered by Blogger.