Добила милиони на лото, па сега ја тужи лотаријата: Парите ме направија несреќна


Вели дека не може да си најде момче кое ќе ја сака, бидејќи сите се со неа поради парите.

Една од најлудите приказни овој месец ни доаѓа од Велика Британија, поточно од Единбург.



Џејн Парк, најмладата добитничка на наградната игра "EuroMillions", жали што уплатила добитно ливче. Таа имала само 17 години кога освоила милион фунти во 2013-тата година, и тоа било првото ливче кое го уплатила.


Меѓутоа, таа денес планира да ја тужи британската лотарија, бидејќи добила стрес по добивката.

Не ѝ пречело што со парите купила две недвижнини.


"Очекував десет пати подобар живот, но тоа не се случи, ми стана само полош. Често посакувам воопшто да немам пари, мојот живот би бил подобар. Луѓето веројатно си мислат за мене - "уф, кога би ги имал тие пари" - Но, не разбираат колку сум под стрес. Имам материјални работи, но животот ми е празен. Зошто таков живот, која е смислата", рекла незадоволната богаташка.


Таа додала и дека помладите од 18 години не треба да учествуваат во лотаријата. Не може да најде момче кое ќе ја сака, туку сите се со неа поради парите. Вели дека ѝ недостасуваат евтините одмори и евтината облека, па решила малку да ја тужи лотаријата.

No comments

Powered by Blogger.