Нови детали за смртта на братот на севернокорејскиот лидер: Пред убиството му пратил писмо на Ким Јонг Ун, еве што пишувало во него

 
Работите дополнително се влошиле кога почнал јавно да го критикува владеењето на својот брат.

Писмото на Ким Јонг Нам во кое го моли својот полубрат да му го поштеди животот, се појавило во текот на истрага и испрашувањето на осомничените жени и мажи, поврзани со убиството на аеродромот во Куала Лумпур.

Ким Јонг Нам уште во 2012-тата година му го напишал писмото на својот брат Ким Јонг Ун, кој ја преземал власта во Северна Кореја по смртта на нивниот татко Ким Јонг Ил во 2011-тата година, пишува Independent.

Според информациите до кои дошле инспекторите, тој во писмото го молел својот брат да ја повлече наредбата за негово убиство, кое било на сила уште за време на владеењето на неговиот татко, но никогаш не добил одговор. Работите дополнително се влошиле за покојниот Нам кога почнал јавно да го критикува владеењето на својот брат, нарекувајќи го "шега", велат разузнавачките служби.

Потсетуваме, полицијата веќе уапсиле четворица осомничени дека учествувале во убиството на Ким Јонг Нам.


Прво биле уапсени две жени, за кои се смета дека самите се извршители на убиството. Станува збор за 25-годишна жена со индонезиски пасош со име Сити Аишах, и 28-годишната Доан Ти Хоунг, со виетнамски документи.

Според сознанијата на полицијата, Ким Јонг Нам бил испрскан со отровна супстанца по што му се слошило, па набрзо бил пренесен во болница, каде починал.


Северна Кореја пратила барање до Малезија да го предаде телото на покојникот, но малезиските власти навеле дека никој не дошол да го идентификува. Малезија нема да го врати телото на полубратот на севернокрејскиот лидер, додека неговото семејство не обезбеди примероци од ДНК.



No comments

Powered by Blogger.