Заминување на легендарниот носач: Бил најдолгиот воен брод во историјата и користен во Кина, Виетнам и Ирак

Првиот носач на авиони со нуклеарен погон, "USS Enterprise" или "CVN-65" е официјално повлечен од служба во петокот на церемонија на пристаништето Њупорт њуз во американската држава Вирџинија.

Станува збор за прво повлекување на нуклеарен носач на авиони во историјата. "Enterprise" или "Големиот Е", како што го нарекувале офицерите и екипажот, бил ставен во служба во 1961. година и служел цели 55 години. Бродот учествувал во воени операции во врска со кубанската криза, виетнамската војна и војната во Ирак во 2003. година. Единствени бродови кои служеле подолго во морнарицата на САД биле дрвените едрилици "USS Constitution" и "USS Pueblo". Со своите 342 метри должина, и денес го држи рекордот за најдолг воен брод некогаш изграден. При полна готовност, имал екипаж од 4.600 луѓе.

Извлекувањето на нуклеарното гориво започнало во 2012. година, кога бродот бил усидрен и деактивиран, а завршено во декември минатата година. Следниот чекор, по официјалното повлекување, ќе биде вадење на осум нуклеарни реактори од бродот.

Досега никој не извел демонтажа на нуклеарни реактори од брод, а сложениот процес ќе бара и сечење на коритото на бродот, за да може да се дојде до тешко достапните делови.

Реакторите ќе бидат однесени во депонијата Ханфорд во Вашингтон, каде се наоѓа и "Б Реакторот" - првиот плутониумски нуклеарен реактор во историјата. Тешко е да се процени колкаво ќе биде конечното влијание на околината, со оглед на тоа дека не постојат никакви претходни искуства со пловечки нуклеарни реактори.

"Enterprise" бил осми морнарички брод со тоа име, но нема да биде и последен. Веќе е договорено дека планираниот "CVN-80" носач на авиони од следната генерација, од класата Џералд Форд, ќе го носи тоа име. Со тоа ќе стане првиот носач на авиони по својот претходник, кој не бил именуван во чест на некоја личност. Останатите носачи од класата Џералд Форд, кои во наредните децении би требало целосни да ги заменат носачите од класата Нимиц, ќе бидат наречени по американски претседатели.



По Џералд Форд, првиот брод во класата, следниот брод ќе се вика Џон Ф. Кенеди, по што ќе дојде новиот "Enterprise".

Последниот командант на тој брод, капетан Тод Белц, во говорот на церемонијата за повлекување од служба, го нагласил придонесот на илјадници морнари кои се заслужни за престижот на "Големиот Е".

"Додека го праќаме овој брод во пензија, знаеме дека сеќавањето ќе живее и по него, и дека ние, морнарите и бродоградежниците, сме врската со следниот "Enterprise"", рекол Белц.

No comments

Powered by Blogger.