Зошто не смеете да го подигнувате телефонот доколку Ви падне во авион?


Доколку Ви испадне мобилниот телефон во авион, може да дојде до голема катастрофа за време на летот.

Органите на австралиската цивилна воздухопловна безбедност наведуваат дека телефонот кој ќе Ви падне под или измеѓу седиштата на авионот, може да биде смачкан при неговиот обид да се земе. Тоа ја оштетува батеријата, која може да се прегрее и на тој начин да предизвика пожар.

Ваквите случаи се многу чести за време на летовите, а неодамна тоа се случило и на лет од Сиднеј кон Лос Анџелес.



Патникот го изгубил својот мобилен телефон помеѓу две седишта и кога го поместил своето за да го подигне телефонот, батеријата се запалила предизвикувајќи мал пожар. За среќа, пожарот бил веднаш изгаснат.

Во извештајот се наведува дека бројот на ваквите случаи расте. Исто така, авио-компаниите апелираат патниците да не ги померуваат седиштата и секогаш да го известуваат персоналот.

“Ако телефонот е оштетен, кабинскиот екипаж мора веднаш да биде известен” – пишува во извештајот.

No comments

Powered by Blogger.