Кина го губи статусот на најголема сила во Азија: Се раѓа нова светска суперсила!


Кина како најголема азиска суперсила полека но сигурно се симнува од тронот, а во годините кои што доаѓаат Кинезите ќе мора да се соочат со стариот и добро познат ривал.

Аналитичарите предвидуваат дека Јапонија ќе биде водечка сила во Азија до 2040-та година. Моментално можеби на многумина им се чини невозможно „Земјата на изгрејсонцето“ која што има само една десетина од популацијата на Кина да ги престигне своите соседи, но аналитичарите на "Geopolitical Futures" оценуваат дека Јапонија за 25 години ќе биде помоќна од Кина.

Најголемата слабост на кинеската економија која што е на второто место во светот е големата сиромаштија.

Во Кина во 1981-ва година дури милијарда луѓе живееле со помалку од 3,10 долари дневно, а според податоците на Светската банка, иако економскиот раст на земјата во последните 30 години е голем, тој забавува, а 360 милиони Кинези и натаму живеат во голема сиромаштија. Кина е доста нерамномерно развиена, односно бреговите се далеку поразвиени од внатрешноста на земјата.



Како најмногубројна земја на светот, Кина има можност за мобилизација на човечкиот капитал како ниту една друга земја на светот, но од друга страна троши големи средства на внатрешната безбедност, а треба да ги држи под контрола и регионите кои што бараат поголема автономија и дури и независност.

Од друга страна, Јапонија е една од најбогатите земји на светот, а Токио е град со најголем БДП од 1,48 билиони долари (втор е Сеул, но со двојно помал БДП). За разлика од Кина, Јапонија има „само“ 127 милиони жители, а богатството меѓу нив е многу порамномерно распределено.



Најголемата слабост на Јапонија е зависноста на земјата од увоз на храна и енергија, иако некои сметаат дека најболната точка на земјата е демографијата, односно рапидното стареење на популацијата.

За да биде одржана продуктивноста, Јапонија е една од најголемите земји инвеститори во истражувањето на вештачката интелигенција, информатички технологии и роботика, а доколку им е доста неопходна работната сила, секогаш можат да ја променат својата имиграциска политика и да „увезат“ работна сила од надвор.



За разлика од Кина, Јапонија успешно совлада многу проблеми со кои што Кина допрва треба да се соочува. Границите на Јапонија се безбедни со оглед на тоа што станува збор за островска земја, а јапонската влада не мора, за разлика од комунистичката во Кина, да се грижи за единството на земјата и да стравува околу тоа дали некој регион може да се отцепи.

Моментално слабост на Јапонците е нивната морнарица која што мора да биде развиена и зголемена за да ги обезбедува поморските транспортни правци. Јапонија поради тоа е сојузник со Соединетите Американски Држави кои што го обезбедуваат тоа. Засега, во Јапонија ситуацијата е помалку динамична отколку во Кина, но таа земја се движи кон позицијата водечка сила во азискиот дел од Пацификот.

No comments

Powered by Blogger.