Трамп порача дека Иран е „најголемата терористичка земја на светот", а Иранците се заканија: Ќе ги срамниме со земја вашите воени бази!


Продолжуваат тензиите на релација Вашингтон - Техеран. Откако Трамп порача дека Иран е најголемата терористичка земја, официјален Техеран се закани дека ќе ја срамни со земја американската воена база во Бахреин.

Односите помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран нагло се влошија откако во Белата куќа влезе новиот американски претседател Доналд Трамп.

Буквално без никаков повод, Доналд Трамп започна да покажува екстремен анимозитет кон Иран и започна да се заканува дека ќе го искине договорот кој што после маратонските состаноци на П5+1 групата беше постигнат помеѓу Иран и неколку светски сили.



Во своето најново интервју за Fox News, новиот американски претседател повторно го нападна Иран и порача дека Иран е најголемата терористичка земја на светот.

Не требаше да помине долго време за Иранците да возвратат на ваквите коментари на американскиот претседател. Висок ирански функционер, член на Советот за национална безбедност и надворешни работи, Моџтаба Зонур, изјави дека доколку Иран биде некогаш нападнат, американската воена база во Бахреин ќе биде срамнета со земја.

„Американската Петта флота окупираше дел од Бахреин, а исто така има и непријателска база во Индискиот океан. Но, сите овие точки се во домет на иранските ракетни системи и базите ќе бидат срамнети со земја доколку непријателот направи еден погрешен потег“, порача Зонур.

No comments

Powered by Blogger.