Урбана апокалипса: Овој руски супертоп е смрт за градовите


Зошто Русите развиле топ со така голем калибар, а има краток домет? Ако погледнеме во минатото, веднаш ќе го добиеме одговорот на ова прашање.

Мобилните топови се неизоставен дел од современите механизирани армии. Монтирани на лесно оклопени носачи, тие се во состојба да пренесат тешка артилерија со калибар од 120 милиметри. Во споредба со хаубиците, овие мобилни топови се полесни и нема потреба од толку интензивно логистичко одржување, но затоа имаат пократок домет.

Американската војска своите 120 милиметарски топови ги монтира на возилата од типот Страјкерс М1129 и гасеничарите од типот М113. Рускиот еквивалент на ова оружје е 120 милиметарскиот 2С9 НОНА.


Меѓутоа, руската армија е единствената која што има самодвижечки минофрлач со калибар од 240 милиметри од типот „Тјуплан“. Но, зошто Русите развиваат и натаму ваков тип на оружје?

Израелските утврдувања на Голанската висорамнина, муџахединските пештери во Авганиста и аеродромските постројки на украинската војска низ историјата се најдоа на мета на минофрлачот М240 од руско производство. Кога станува збор за градови, Грозни, Хомс и Бејрут беа разурнати од М240.

30 тони тешкиот М240 е монтиран на ГМЗ шасија, а под 20 милиметарскиот оклоп кој е доволен за одбивање на оган од рачно вооружување и шрапнели од проектил од поголем калибар, сместена е деветчлен екипаж.


Проектилите со должина од 1,5 метар со по 100 килограми може да бидат лансирани на оддалеченост од 9 километри, а со ракетна асистенција, дометот може да се зголеми на 20 километри. Единствената маана е тоа што е потребна една минута за лансирање на секој проектил.

Топот од типот на М240 е опремен со муниција од различно полнење, од проектили за пробивање на бетонски бункери, до запаливи гранати. Секако, има и опција за нуклеарно полнење од типот 3Б11. Ракетите на М240 ги дополнува и ласерското наведување од типот „Смелчак“, а оваа технологија одлично се покажала во Авганистан.


Последен пат ова оружје е користено во чеченската војна во Грозни и во 2014-та година во Украина кога терминалите на аеродромите во Доњецк и Луганск биле срамнети со земја.

2С4 нема конкуренција кај западните сили, но тоа е затоа што за разурнување на непријателски цели денес се користи авијацијата. Сепак, предноста на овој копнен систем е тоа што може да одржува редовен „оган“ во услови кога воздухопловството тоа нема да може да го прави.

No comments

Powered by Blogger.