Кинескиот министер за војната со САД: Еве кој ќе излезе како победник

Од судирот помеѓу Кина и САД, никој нема да излезе како победник, рекол денес кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, јавува "Reuters", со оцена дека тој настојува да ги ублажи тензиите помеѓу двете земји кои се засилиле по изборот на Доналд Трамп за американски претседател.

Ванг, по состанокот со австралиската колешка Џулија Бишоп во престолнината на Австралија, истакнал дека Кина е посветена на мирот. "Не може да има судир меѓу Кина и САД, бидејќи двете страни ќе изгубат, а ниедна нема да може тоа да си го дозволи", рекол шефот на кинеската дипломатија пред новинарите во Канбера.



Тој, меѓутоа, ги повикал глобалните лидери да го отфрлат протекционизмот, кој Трамп го поддржал со своите економски планови во кои Америка ја става на прво место.


"Важно е силно да се посветиме на отворената светска економија. Важно е да ја водиме економската глобализација кон голема инклузивност, со поширока заедничка корист на одржлив начин", нагласил Ванг.

Односите помеѓу Кина и САД се влошиле откако Трамп го вознемирил Пекинг во декември со својот телефонски разговор со тајванската претседателска Чаи Инг Вен, и заканите за наметнување на тарифа на кинескиот увоз, потсетува британската агенција.

No comments

Powered by Blogger.