Спречен нов терористички напад: Меѓу уапсените и една тинејџерка


Четири лица се уапсени во францускиот град Монпелје и во неговата околина под сомневање дека за брзо време подготвувале терористички напад во Париз.

Полицијата објавила дека меѓу нив има и еден 20 – годишник и неговата 16 – годишна девојка кои од претходно им биле познати на властите поради нивната врска со радикални исламисти.


Во домот на приведениот маж полицијата пронашла експлозив и други материјали потребни за правење бомби, потврди францускиот министер за внатрешни работи.

„Првите индикации говорат дека е спречен претстоечки напад на француското тло“, рекол министерот Бруно Ле Ру.




Во Франција од ноември 2015 година на сила е највисокиот степен на тревога поради можни напади на радикални исламисти. Во серија терористички напади кои се случија во оваа земја од 2015 година па навака, загинаа повеќе од 230 лица.

No comments

Powered by Blogger.