Ограбуваше банки и возови, сите се плашеа од него но на крај сепак стана легенда!


Гонет од страна на специјални агенти за на крај да доживее кукавичко убиство. Според некои извори, неговите дела биле делумно извршени поради нагон на одмазда за малтретирањето на север-ориентираните војници кон неговото и многу други про-јужначки семејства.

На овој ден во 1886-та година познатиот американски одметник Џеси Џејмс за прв пат ограби банка и зема со себе голема сума на пари - 15.000 долари.

Џеси Џејмс беше еден од најуспешните ограбувачи на банки и возови во историјата на САД. Неговата криминална кариера траеше околу 15 години и предизвика паника помеѓу населението. Неговите крвави подвизи поприлично го забавиja економскиот раст на сојузната држава Мисури во веќе тешките години по Американската граѓанска војна.


Наводно Џеси Џејмс бил син на баптистички свештеник од Кентаки, додека неговата мајка била родена во Мисури. Неговото семејство било исклучително јужначки ориентирано па не е изненадувачки што Џеси и неговиот брат Френк пред да започнат со грабежи и разбојништво биле во конфедерациската војска каде за време на Американската граѓанска војна се бореле како герилци.

Според некои извори, неговите дела биле делумно извршени поради нагон на одмазда за малтретирањето на север-ориентираните војници кон неговото и многу други про-јужначки семејства за време на граѓанската војна. Џеси до крајот на својот живот останал расистички настроен.


По војната, со брат му Френк и со братучед му Кол ја основал бандата позната како "James – Younger". По првиот грабеж кој го извршиле на денешен ден во 1886-тата година, кога ја ограбиле банката во гратчето Либерти во Мисури, за плен од тогаш огромната сума од 15.000 долари, банките и железничките компании вработиле специјални агенти кои ги гонеле целото тоа време но без успех. Џеси заедно со својата криминална банда биле секогаш еден чекор пред законот. Како што поминувале годините, Џеси продолжувал да ограбува, а властите да стануваат се побеспомошни.

Се верува дека тој со својот брат украле повеќе од 200.000 тогашни долари.


Властите на државата Мисури се исфрустрирале поради способноста на Џеси секогаш да им избега од пред очи па одлучиле да му понудат 10.000 долари на Роберт Боб Форд - пријател на Џеси и некогашен член на бандата - да го ликвидира.

Форд заедно со братот отишол на посета кај Џеси. Чекале момент кога Џеси ќе остане без оружје и тоа се случило кога Џеси погледнал кон прашлива слика закачена на ѕидот - се качил на столче свртен кон ѕидот обидувајќи се да ја избрише прашината - и во тој момент Боб Форд ја препознал својата шанса. Му пукал на 35-годишниот Џеси во грб. Ова кукавичко убиство стана национална сензација. Реки од љубопитни луѓе доаѓале да го видат мртвото тело на познатиот злосторник. Од тогаш приказната за Џеси Џејмс поприма размери на мит и полека полека тој станува легенда.


Во модерните популарни интерпретации Џеси Џејмс често е прикажан слично на Робин Худ, кој ги ограбува богатите и богатството го дели со сиромашните - иако не постојат докази за ова.

Важна улога за креирање на фактот дека Џеси Џејмс е бестрашен херој одиграл и новинарот и колумнист Џон Њуман Едвардс - уште еден од борците на армијата на Југот. Тој во "Kansas City Times" ги објавил писмата на Џеси романтизирајќи го неговиот живот и неговите активности и прикажувајќи го како симбол за отпор на системот.

Џеси Џејмс и денес привлекува големо внимание. Тој и понатаму важи за митска личност од Дивиот Запад.

Песните во негово име и тоа како се заслужни за нговата слава, особено "The Ballad of Jesse James" која се појави веднаш по неговото убиство. Woody Guthrie ја напиша за време на големата депресија кон крајот на 20-тите години па таа стана и еден вид на химна за осиромашените и обесправени работници. Подоцна се појавија и многу други обработки и верзии на истата песна - една од подобрите е на Брус Спрингстин.

Филмот на австралискиот режисер Ендрју Доминик од 2007 година со Бред Пит беше номиниран за два Оскари. Потомците на Џеси Џејмс велат дека ова е најточната верзија за неговиот живот.

No comments

Powered by Blogger.