Тие се враќаат! Најдобрата комедија од минатата година добива продолжение



Една од најдобрите комедии од минатата година ќе добие свое празнично продолжение!

Комедијата „Bad Moms” во која мајки од предградие одлучуваат малку да заборават на секојдневните обврски и да се однесуваат онака како што тие сакаат, беше еден од најголемите филмски хитови минатата година.


Сега, холивудските медиуми, на задоволство на гледачите, пренесуваат дека оваа урнебесна комедија ќе добие продолжение, а во главните улоги повторно ќе ги видиме Мила Кунис, Кристен Бел и Кетрин Хан.

Овој пат, мајките ќе „лудуваат“ за време на празниците, бидејќи продолжението се вика „Bad Mom’s Christmas”, а тие ќе мора да се справат и со празничната посета од сопствените мајки.



Филмот треба да се појави на големото платно на 3-ти ноември 2017 година.

No comments

Powered by Blogger.