Погледнете како смртоносен пајак убива змија во редок напад од овој тип

Пишува: Tочка
Пајак убива змија: Во една продавница за мотори во Викторија, Австралија, женски пајак "redback" напаѓа малечка источна кафеава змија која се заплеткала во неговата мрежа.

Пајакот ги има најважните својства на борците: брзина и вештина, па "redback" пајакот успева да ја собори змијата 10 пати поголема од него.

Реално, овој пајак имал само многу, многу среќа.

Видеото снимено во продавница за мотори во Викторија, Австралија покажува млада источна кафеава змија фатена во речиси невидливата мрежа на пајакот - "нашето домашно милениче пајак" се шегуваат на фејсбук снимателите на видеото. Како што змијата се обидува да се ослободи, пајакот танцува се поблизу, за на крајот да успее да ја касне, а угризот се чини дека привремено ја онеспособува змијата.

No comments

Powered by Blogger.