Кога ќе го исфрлите лебот од исхраната, организмот реагира: Нервозата и губитокот на енергија се две од петте последици!

За разлика од порано, лебот повеќе не е воопшто препорачлива намирница...

Во последно време сè поголем е бројот на луѓе коишто во најразличните диети го исфрлаат лебот од исхраната како би го намалиле вносот на јаглени хидрати. Но сепак, треба да бидете внимателни бидејќи токму јаглените хидрати се исклучително важни за правилно функционирање на нашиот организам.

Кога ќе го намалите вносот на јаглени хидрати, прво што ќе забележите е дека повеќе не сте отечени, како и тоа дека се намалува бројот на килограми коишто го покажува вагата. Сепак, тоа не значи дека сте се ослободиле од масните наслаги, туку значи дека сте се ослободиле од вишокот на течности, но во секој случај, тоа е забележително на вагата.

Не давајте сето ова да ве заведе и посветете поголемо внимание на следните опомени:

Лош здив

Нашиот мозок се храни токму со јаглени хидрати како би можел нормално да функционира, па ако ги нема во доволно количество во нашето тело, следат процеси коишто на крајот предизвикуваат и лош здив, сува усна празнина, замор, слабост и несоница. Со текот на времето и ќе се навикнете, но стручњаците велат дека ова секако не е добро и декак никако не би требало сосема да го исклучите вносот на јаглени хидрати.

Пореметено ниво на шеќер во крвта


Со исфрлањето на јаглените хидрати ќе дојде до големи осцилации во нивото на шеќер во крвта. Затоа, не е воопшто лошо да се јаде леб, но добро би било да изберете, на пример, таков од цело зрно житарка, бидејќи тоа ќе направи еден вид на баланс.



Недостаток на енергија

Целите зрна од житарки се одличен извор на железо, магнезиум и витамин Б коишто се одлични извори на енергија. Ако му ги ускратите на организмот, јасно е дека тој ќе работи многу послабо, а тоа значи дека нема да може ниту редовно да вежбате.

Проблеми со варењето


Системот за дигестија со сигурност нема добро да функционира ако сосема го отфрлите лебот, особено оној од цело зрно. Ќе се соочите и со проблеми со столицата, но и со компликациите од евентуалните хронични болести.



Нервоза


Јаглените хидрати се важни и за одржување на нивото на серотонинот, хормонот на среќа, така што со нивното исфрлање веројатно ќе станете раздразливи и нерасположени.

No comments

Powered by Blogger.