Трамп го исфрла мексиканскиот новинар од конференцијата: Немате право да прашувате, губете се од мојата земја


"Како ќе депортирате 11 милиони луѓе, ќе доведете ли војска", прашал Рамос.

Видео снимката на која Доналд Трамп го исфрла новинарот со мексиканско потекло од конференцијата за новинари станала вирална, по контроверзната регулатива за имигрантите која ја донел новиот американски претседател.

Видеото кое било снимено на почетокот на неговата претседателска кампања во август 2015. година, покажува новинар со мексиканско потекло кој бил исфрлен од настанот откако го повикал Трамп да зборува за имиграционите полиси.

Џорџ Рамос, добро познат емитер за "Univision", го фатил овој момент на камера.

Новинарот рекол дека како репортер има право да поставува прашања, но Трамп му одговорил - "Ве молам седнете, не сте повикани да зборувате, седнете, не немате права, вратете се во "Univision"".

"Не можете да депортирате 11 милиони луѓе, ниту да изградите 1.900 километри долг ѕид, не можете да го оспорите правото на државјанство во оваа држава", рекол тогаш новинарот.

Тогаш го "испратил" еден од бодигардите на Трамп.

Рамос тогаш додал дека Трамп, кој не ни слушнал за него, ниту бил свесен дека има американско државјанство, му кажал "губи се од мојата земја". На тоа новинарот додал дека е од Америка, а Трамп само кажал "Unvision, сеедно".

"Како ќе депортирате 11 милиони луѓе, ќе доведете ли војска", прашал Рамос кога повторно се вратил на конференцијата.

No comments

Powered by Blogger.